Il contenuto di questa pagina richiede una nuova versione di Adobe Flash Player.

Scarica Adobe Flash Player

За нас

 

Makedonski Resursi

Македонски Ресурси е нова приватна компанија која целосно се грижи за вашите веб страни, a воедно и ви нуди се што ви е потребно. Нашите клиенти имаат целосна поддршка од нас пред и после купениот пакет.
За да го докажеме нашиот професионален однос кон клиентите издаваме гратис хост кој можете да го користите во период од 7 дена. Доколку не ви се допаѓа услугата, брзината или нешто друго, слободно откажете го. Честопати во животот се случува да имате визија, да имате сон, пред вашите очи се отвора слика за креирање на некаков проект, ние исто така имаме визија, вашиот сон е наша задача - остварување на брз, безбеден и стабилен хостинг за вашите веб презентации.
Македонски Ресурси е составена од исклучителни ICT експерти кои што ви стојат на располагање 24/7/365. Погледнете го нашето портфолио со изработени проекти, за сите прашања контактирајте не на нашите мејлови.

Исклучителни поради фактот дека се работи за тим во кој што секој влегува со остварување на одредени услови, сите што сме тука ве уверуваме дека тоа е поради нашето искуство, знаење, социјални вештини и други позитивни особини. Почетоците на Македонски Ресурси влечат корени уште од порано.

Запознаени сме со тековната состојба на пазарот во Р.Македонија, а воедно и во светот. Нашата цел е да направиме нешто стабилно и достапно за сите, нашата политика на работење е 100% задоволни корисници. Задоволувањето на Вашите хостинг и ICT потреби е нашата примарна цел, feedback-от е секогаш добродојден.

Затоа решивме да поставиме солидни понуди со ниска цена, а висок квалитет и да бидеме тука за Вас затоа што тоа е нашата цел, Ние сме секогаш тука за Вас!