Поставено на: 3/07/2008
|
|
|
ОВЕН
Оваа година ќе биде запаметена по тоа што најверојатно ќе го смените целото друштво со кое сте се дружеле или пак ќе израдите нови односи со старото. Годината ќе биде обележана исто и со напнатост, постојано нешто ќе ви смета, незадоволство од вашиот финансиски статус иако тој ќе биде солиден. Но ова чувство е подложно на деградација која ке тече напоредно со минувањето на годината, крајот на оваа година ќе го дочекате задоволни со себеси. Во љубовта ве очекува вистинска драма. Пролетта и летото ќе ви донесат настани што ќе се одвиваат со неверојатна брзина, па ни самите често нема да знаете што се случува. Прво што треба да направите е да одредите што точно очекувате во љубовта.
Зима- Нервозни сте и напнати.се правите како да не ја знаете причината затоа што ни сами не сакате да си признаете. Грижите од работното место ќе ги префрлате во домашната средина и обратно.
Пролет- Бурна љубовна ситуација. Ќе имате можност за бирање кон крајот на пролетта. Едната варијанта ќе биде страста, а другата сигурност. Совет: не размислувајте како ќе ги задоволите туѓите очекувања, туку своите.
Лето- Годишниот одмор повеќето овни ќе го поминуваат работно или пак во размислување за работата. Во љубовта ситуацијата се средува и иако нема да бидете поштедени од страста, срцето сепак ќе продолжи да чука со поподносливи удари.
Есен- Со задоволство ќе можете да си честитате за тоа како сте ги средиле финансиите. А ако должите некому, бидете сигурни дека таа инвестиција подоцна ќе ви се исплати.
|
|
|
|
БИК
Во првите месеци од годината ќе се чувствувате како да ви се срушил потпорниот столб, ќе бидете несигурни и ќе ви тереба поддржката која секогаш како по некое правило се очекува од вас. Ваквата ситуација ќе ве направи исклучително нервозни.Пробајте дел од обврските да им предадете и на другите така ќе бидете поопуштени, сепак има и други луге способни да извршат дел од вашите обврски. Зацврстете ја довербата во соработниците и не дозволувајте изненадувањата да ве иритираат какви И да се тие.
Зима- Пробајте да не ги носите дома проблемите од работното место. Иако на работен план стуацијата ќе биде вжештена.
Пролет- Може да почувствувате дека на љубовен план ништо не ви одговара. Тоа може да биде причина за раскин на љубовна врска иако вакво нешто не постои во редот на вашите принципи.
Лето- Летото нуди можности за втор меден месец или нова љубов. Искористете го.
Есен- Ова е златен период за вашите финансии, потрудете се да го задржите нивото. |
|
|
|
БЛИЗНАЦИ
Ако сте несигурни за текот на вашиот живот, прашајте некој од пријателите и ќе ја дознаете целата вистина. Пријателите секогашве поддржувале, а ни оваа година нема да биде исклучок. Меѓутоа 2005 ќе ја паметите по сигурните чекори што ќе ги направите и решителноста со која ќе ги крунисате. За разлика од минатите години оваа година предходно ќе се подготвите за ситуациите, деталите и нема да ги оставите да течат спонтано.
Зима- Има веројатност да се заљубите, но набрзо потоа да сватите дека немате ништо заедничко со таа личност.
Пролет- Ќе размислувате за работата, креативни идеи ќе ве преплавуваат, но периодот не нуди можност за нивна реализација.
Лето- Искористете го летниот одмор до неговиот максимум. Конечно е време малку и вие да уживате.
Есен- Поволен период за остварување на се што ќе замислите. Ќе успеете да решите многу прашања: финансиите, емотивните и оние поврзани со напредувањето во вашата кариера.
|
|
|
|
РАК
Оваа година на раковите ќе му донесе зрелост што на многумина ќе му влее чувство дека стареат, но всушност созреваат. Но покрај многу размисли потребна ви е и малку радост и опуштеност. Во љубовта ви е добро, но тука се вашите сомнежи, впрочем како и секогаш. Сомнежи имате и на работен план, но реалноста е поинаква- вие навистина сте ценети; место сето ова зошто не си кажете колку сте убави, паметни и дека вашиот успех е навистина заслужен.
Зима- Не пропуштајте никаква забава, развеселете се малку. Никогаш не знаете какви работи ве очекуваат.
Пролет- Ако посакувате промена во овој период, ѕвездите ви препорачуваат да ја направите исклучиво во едно поле.
Лето- Искористете го летото за да се опуштите од вашите размислувања и да се подготвите за следниот период.
Есен- Љубовта конечно ќе ги побие сите ваши сомнежи дека судбината има нешто против вас.
|
|
|
|
ЛАВ
Нареднава година ве очекуваат многу искачувања и падови, но ништо нема да биде катастрофално. Но вие и вообичаено знаете да ги изглобализирате и успесите и непријатностите. Ѕвездите ви советуваат само малку да се стрпите и напорно да работите како и досега и наградата секако ќе дојде. Нема потреба с# да биде на високо ниво, па одвреме на време треба проживееме и смртнички , обичен живот кој исто така си има своја магија. Што се однесува до љубовта, ако не можете да & приуштите одмор од сништата на саканата особа незначи дека треба да паднете во очај. Подобро е да смислите нешто во склад со вашите можности. Вие би сте се држеле за раце и на Хаваите и на село, така што сеедно е каде сте. Поволната страна е таа што на село би потрошиле многу помалку пари.
Зима- Ќе имате впечаток дека многу малку нешта ви поаѓаат од рака, но ако ги погледнте резултатите ќе се уверите дека и не е така лошо.
Пролет- На пролет повторно ќе се заљубите. Пуштете ги нештата да го следат својот спонтан тек.
Лето- Финансиите ќе ве измачуваат, можни се долгови , но кон крајот на летото ситуацијата видно ќе се поправи.
Есен- Септември и октомври се многу успешни месеци за лавовите во сите полиња. Ќе ги собирате плодовите на дотогашната ваша работа. |
|
|
|
ДЕВИЦА
Главна преокупација скоро за сите девици наредната година ќе биде работата, но ни љубовта нема да заостане. Ви предстојат раскинувања на врски па и бракови, а стабилните врски уште повеќе ќе се продлабочат. Слободните девици може да запознаат нова личност со која кон крајот на годината може да запливаат во брачните води и ќе се чувствуваат прекрасно; тоа ќе биде спој на телото и душата, комплетно разбирање и љубов, а не резултат на разуздани страсти.
Зима- Вашата одлука да дејствувата своеволно, никому да не се оправдувате ќе биде демантирана во зимскиот период затоа што ќе увидите дека никој не може сам.
Пролет- Задоволство ќе ви представуваат односите со луѓето. Продлабочете ги!
Лето- Летото ќе ви овозможи да ја направите вашата 'жетва' на работен план.
Есен- Овој период ќе ви донесе мир кој толку долго го очекувавте, после жестоките настани на работен, љубовен и семен план.
|
|
|
|
ТЕРЕЗИЈА
Вашите очекувања за 2005 нема во целост да бидат исполнети, а причина за тоа се вашите преголеми очекувања и амбиции. Најнезадоволени ќе бидат вашите очекувања на финансиски план. За конфликтите на љубовен план виновник ќе бидете лично вие. До есенските месеци мора да расчистите со себеси, вашето место, вашите ставови, мислења за да започнете нов почеток кој ќе ветува повеќе.
Зима- Зимата ви е резервирана за разгледување на направеното досега и резултатите се очигледно задоволувачки.
Пролет- Единствената преокупација летово ќе биде личноста во која сте вљубени и односите меѓу вас.
Лето- Конфликтните ситуации во семејството може да бидат пречка да заминете на годишен одмор, ситуацијата има излез само треба да се потрудите.
Есен- Периодот ќе ви понуди повеќе време кое може да го посветите на работата и да ги разгледате алтернативните решенија што таа ги нуди.
|
|
|
|
СКОРПИЈА
Зимава на скорпиите многу добро ќе им оди со реализацијата на нивните планови или пак со подготвувањето на терен за нивните идеи. На љубовно поле како и секогаш- магнетно привлечни. Тешко дека некој ќе може да ви одолее; ќе имате полни раце работа дури и кога немате намера да правите промени на љубовно поле, а најактивни ќе бидете во април и јули.
Зима- Тоа што го барате и ќе го добиете; пријателите навистина ќе ве одушеват, особено бидејќи вие не очекувате нешто посебно.
Пролет- Има големи можности да се заљубите во овој период, а ако е стабилна врска во прашање & предстои нова етапа.
Лето- Оние што ќе ги пропуштат љубовните уживања во пролетта ќе имаат можност тоа да го направат во летните месеци.
Есен- Овој период е наменет за вашата работа и кариера; ќе добиете поголеми приходи или некоја раководна функција.
|
|
|
|
СТРЕЛЕЦ
Главното обележје што оваа година го има за вас стрелците е промената и тоа на сите полиња, па дури и во размислувањето. Во текот на зимата ќе размислувате за местото на живеење, а напролет кон тоа се додаваат и грижите за семејството. Сето тоа сега ќе биде поинаку, вие ќе го смените својот став за животот. Дамнешните приоритети ќе изгубат значење и ќе сватите дека љубовта и разбирањето секогаш стојат пред успехот во кариерата. Ќе морате да се прилагодувате, не само на семејните членови туку и на луѓето со кои работите. Вашиот нападен став остава лош впечаток дури и кога сте во право.
Зима- Интензивно ќе се препуштите на идејата за можна преселба или купување на недвижнина што може да излезе поволна опција.
Пролет- Март е преломна точка за многу стрелци. Конфликтната ситуација во љубовниот и семејниот живот може да ја спаси само трпение и разбирање.
Лето- Набојот на негативна енергија што започнува во март ќе ја достигне кулминацијата можеби во јули, но вие тактички ќе ја избегнете и целата енергија ќе ја потрошите на нешто покреативно.
Есен- Поволна ситуација на работен план; работите ќе се вратат на нормала, а можно е и покачување на платата.
|
|
|
|
ЈАРЕЦ
Од оваа година ќе извлечете две поуки. Најпрво толеранцијата, дека работите не мора секогаш да се на своето место ,кристално јасни, совршени и исти. Проширете ги вашите хоризонти. Втората работа што ќе ја научите ќе биде начинот како да го игнорирате разумот. Нема да се случи ништо катастрофално ако се опуштите понекогаш и ги разлабавите вашите цврсти стеги на контрола. Така ќе ја извлечете од вас човечноста и сигурно ќе се забавувате.
Зима- Зимата ќе ви донесе многу работа, успех, грешки следователно и поука.
Пролет- Бидете многу внимателни. Дури и никој да не сака да ви наштети вие ќе го сторите тоа за него. Од погрешен агол ќе гледате не работите.
Лето- Ова е одличен период за разрешување на љубовните ситуации. Поради наклонетоста на ѕвездите да ви подарат двојна шанса годинава, ова е одличен период да расчистите кој бил во врска со една, кој со две, а кој со ниту една личност.
Есен- Долгоочекуваната независност од членовите на семејството следува овој период. Ќе ги добиете и сите заслужени добивки на работен план.
|
|
|
|
ВОДОЛИЈА
Исклучителната карактеристика на вашата личност не смее во никој случај да ве представува вас во целост. Не покорувајте & се на вашата оригиналност. Астросовет за водолиите за 2005 е: да не бидат нестрпливи, тоа ќе им биде од голема штета на работен план. На љубовен план очекувајте интересни и заплетени нешта. Помладите водолии ќе минуваат низ период на преобразба и зрелост , а оние повозрасните ќе бидат склони кон радикални промени во повеќе сфери.
Зима- Прерано ќе донесувате одлуки, можни се погрешни потези но ѕвездите оставаат простор да се извлечете макар и во последниот миг.
Пролет- Овој период нема да ви дозволи да мислите на ништо друго освен на љубовта.
Лето- Ова лето со многу работи нема да бидете задоволни, постојано ќе наоѓате маани и можеби затоа ќе ги преиспитувате вашите чувства.
Есен- Секогаш кога конкретно разграничувате некои периоди постојат моќни случки како причина за тоа и симболизира созревање. |
|
|
|
РИБИ - БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ВО РАБОТАТА
Вие секогаш оставате впечаток на неиницијативни и незаинтересирани личности. Сите оние што мислат така ќе се изненадат, тоа е само вашата природа насочена кон внатрешниот свет. Оваа година ќе направите многу нешта и неколку добри чекори напред. Гласно ќе го кажете вашето мислење и ќе го превземете првиот чекор на љубовен план, дури и ќе се јави желба да го кажете сето она што дотогаш сте го преќутеле. Ќе влезете во нов свет, а за тоа заслужни ќе бидат големиот број нови впечатоци.
Зима- Искористете ја зимата за да се средите и да ја завршите целата заостаната работа.
Пролет- Поволен период за ученици и студенти; конечно ќе може да го работите она што вас ве интересира.
Лето- Летниот одмор ви е заслужен. Ќе се насладувате на резултатите од вашата разбудена иницијативност.
Есен- Немојте да испуштате љубовна прилика. Периодот е одличен за љубовни моменти со личноста од вашите сништа. |
|